Вработените во „Лукоил“ во голема неизвесност што ги чека по 21 ноември
За вработените во „Лукоил Македонија“, кои ги има околу 500, петок, 21 ноември, кога е можно да се активираат американските санкции кон фирмата мајка, е денот Д, кон кој се движат во целосна неизвесност за својата иднина. Или, можеби ќе може да здивнат до 13 декември, до кога американската администрација го продолжи рокот за продажба на средствата на „Лукоил“ во странство.

Никој, ниту од матичната компанија, ниту од македонските институции им нема пратено абер ниту поразговарано со нив, што после овој датум – дали „Лукоил Македонија“ во чиј делокруг се 40 бензински пумпи и нафтен склад, ќе продолжи да работи, дали можеби ќе имаат нов сопственик, или пак, и за оваа подружница ќе важи продолжувањето на рокот до кога ќе треба да се продадат средствата на заинтереиран инвеститор (кој ќе треба претходно да добие виза и од американските власти).
За неизвесната атмосфера меѓу вработените сведочат повеќе граѓани кои ги користат услугите на „Лукоил Македонија“, а и самите имавме можност да се увериме додека полневме бензин на една од нивните бензински пумпи.
„Никој ни се нема обратено, ниту од компанијата, ниту од македонските институции“, вели еден од вработените. „Тука има луѓе кои што работат и по 18 години, кои што издржуваат семејства, кои што зеле кредити и треба да ги отплатуваат… Не знаме дали овој петок ќе ни биде последниот ден на работа“, вели тој.
Резигнираноста и неизвесноста е присутна кај сите 500 вработени во „Лукоил Македонија“. Компанијата е присутна во нашата земја од 2006 година кога во населбата Камник на влезот на Скопје, почна со работа првата бензинска станица на „Лукоил“ во Македонија. Групацијата во нашата земја е претставена со друштвото-ќерка „Лукоил Македонија“ ДООЕЛ, кое е дел од Балканска меѓурегионална група на компании и врши продажба на големо и мало на нафтени деривати. Во моментов компанијата работи со мрежа од 40 бензински станици и еден нафтениот склад. Најнова е бензинската пумпа во Гостивар беше пуштена во февруари годинава.
„Независен“ минатата среда испрати прашања до Владата, дали се размислува за преземање на компанијата во земјава или за некои слични мерки (како, на пример, во Бугарија, иако споредбата со тамошната рафинерија е можеби несоодветна), дали ќе се излезе со некаков пакет за помош на вработените, доколку се реализира најцрното сценарио за затворање на компанијата, и дали е можно компанијата да продолжи да работи под услов да се снабдува со нафта од други извори, како што тоа го посочи како опција претседателот на Регулаторната комисија за енергетика. До денеска од Владата нема одговор на ниту едно од овие прашања.
Слични прашања упативме и до „Лукоил Македонија“ и до централата на компанијата, односно дали продолжувањето на рокот за продажба на средствата на „Лукоил“ во странство се однесува и на Македонија, потоа што ако се опстои на санкциите, дали е можно одделна продажба на средствата на „Лукоил во Македонија“ (во Хрватска на пример за зборува за таква можност за пумпите во таа земја, се споменува словенечки „Петрол“, меѓу другите) и што после 21 ноември, (доколку се активираат санкциите), односно како ќе работи „Лукоил Македонија“. Но, и од таму не добивме одговор до пишувањето на текстот.
Во Хрватска на пример, според пишувањето на тамошните медиуми како еден од можните купувачи би можел да биде словенечкиот „Петрол“, пензионираниот генерал Иван Чермак, кој е експерт во тој дел од бизнисот, па дури се споменува и можноста работниците на „Лукоил“ во Хрватска да се организираат и да направат „откуп на менаџментот“, односно самите да се обидат да ја откупат компанијата за која работат.
Во оваа рана фаза, од сите споменати кандидати, само „Петрол“ коментирал за евентуалното купување
…






