Вработените во МВР добија бонус плата
Денеска на 1624 вработени во Министерство за внатрешни работи од сопствени заштеди и домаќинско работење им беше исплатена бонус плата остварена во 2017 година, информираше министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
Поединечениот износ што е исплатен изнесува 22.928 денари за вработен
.-Обезбедивме средства и за исплата на бонус плата на вработени во министерството за оствaрени над 150 часа прекувремена работа на годишно ниво во текот на 2020, како и средства за бонус плата за 2018 година, напиша на својот Фејбук Спасовски.