Вработените во ЈП „Водовод и канализација“ ќе добијат линеарно покачување на платите
Директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, Златко Перински до Управниот Одбор на претпријатието ќе предложи линерно покачување на платите на сите вработени за 2 806 денари.
Како што информираат од претпријатието, ова покачување ќе ги опфати сите 1 278 вработени чии месечни плати заклучно со августовската плата ќе се зголемат линеарно по 2 806 денари.
Ова е прво вакво зголемување на платите по нивна 13 годишна стагнација.
Ова покачување на платите, како што посочуваат оттаму, се прави поради сериозноста на економската состојба, и е дотолку значајно што доаѓа и покрај големите предизвици со кои се соочува претпријатието, наследените финансиски обврски и големите државни должници спрема ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.
„Меѓу најголемите должници на претпријатието со неисплатени обврски останува Заеднички Служби во Државниот Клинички Центар во Скопје со долг од 124 316 964 денари, Општина Зелениково 41 320 352 денари итн. ЈП Водовод и канализација – Скопје, секогаш ќе ги штити интересите на своите вработени, како сега, така и во иднина. И покрај споменатите сериозни предизвици заштитата на стандардот и обезбедувањето на квалитетна вода за пиење останува нашиот приоритет“ се наведува во соопштението на претпријатието.