Вработените во Зегин бојадисуваа велигденски јајца со децата од СОС Детско село  

Соопштение од ЗЕГИН:

По повод големиот христијански празник- Велигден, дел од тимот на компанијата Зегин денеска имаше прилика празнично да се дружи со дечињата од СОС Детско село и заеднички да бојадисуваат велигденски јајца.

Иницијативата  за овој посебен настан беше на компанијата Зегин и Фондацијата Др. Верица Механџиска, која со задоволство беше прифатена од СОС Детско село. Целта на ова дружење беше желбата  да им се донесе радост и топлина на децата без родителска грижа.

Компанијата Зегин со многу љубов подготви подароци за сите деца од селото, како и за децата од згрижувачките семејства кои се наоѓаат надвор од  селото.

Посетата на СОС  Детско село е најдобриот начин да се воочи какви промени се случуваат во животот на децата и заедницата.

Поддршката е клучна, а дружењето со овие деца претставуваше посебно искуство за тимот на Зегин.

Низ игра,смеа и музика, како и одлично расположение беа бојадисани најубавите Велигденски јајца.

Со овој благороден чекор компанијатa Зегин уште еднаш ја докажа својата општествено одговорна мисија, со желба и поттик и останатите компании да се приклучат кон ваквите иницијативи .

Back to top button
Close