Врачување на наградата „Даница Ручигај“

  Во Друштвото на писателите на Македонија денеска на пладне ќе биде врачена наградата „Даница Ручигај” на поетесата Вања Изова Велева за книгата „Место за бегство”. Соопштението за наградата ќе го прочита Васил Дрвошанов, претседател на жири-комисијата за наградата.

Како што информираат од ДПМ, свеченоста ќе биде збогатена и со промоција на книгата „Посеани соништа”, во која се објавени песни од сите досегашни добитнички на наградата „Даница Ручигај“ – Елена Пренџова, Бистрица Миркуловска, Љерка Тот Наумова, Билјана Станковска, Марина Мијаковска, Мирјана Тренчева, Љубинка Донева и Вања Изова Велева.

Книгата „Посеани соништа” ќе ја промовираат Кристина Николовска и Христо Петрески

Back to top button
Close