Вратен и третиот мандат за формирање влада, Бугарија ќе се подготвува за нови избори

Претставниците на партијата Има таков народ (ИТН) денеска на бугарскиот претседател Румен Радев му го вратија третиот и последен мандат за состав на влада, што тој им го врачи, со што се отвора патот за закажување вонредни парламентарни избори. Ова би биле шести парламентарни избори од април 2021 година, откако партијата Има таков народ (ИТН) на Слави Трифонов на 28 март одби да формира влада.

Мандатот што ѝ беше врачен на ИТН беше последна шанса за формирање редовна влада во рамките на Народното собрание, јавува Бугарското радио.

 

Претседателот Радев сега мора да одреди датум за предвремени парламентарни избори, откако три мандати за формирање влада му беа вратени.

Претходно, централно-десничарската партија ГЕРБ и нејзиниот поранешен коалициски партнер, прозападната партија Продолжуваат промените – Демократска Бугарија (ПП-ДБ) изјавија дека не можат да формираат нова влада.

ПП-Демократска Бугарија го доби мандатот за формирање влада и веднаш го врати нереализиран

По парламентарните избори минатата година, двата политички табора кои излегоа на врвот, ГЕРБ и ПП-ДБ, направија договор за поделба на власта според кој ротира должноста на премиерот.

Нема договор за состав на влада во Бугарија, се отвора патот за нови избори

Минатиот понеделник Габриел се согласи да формира нова влада по оставката на премиерот Николај Денков од ПП-ДБ, но преговорите пропаднале поради барањето на ПП-ДБ за функцијата министер за внатрешни работи.

Мандатарката Марија Габриел го соопшти предлогот за состав на новата бугарска влада

Бугарија ќе гласа за изборите на Европскиот парламент на 9 јуни, така што двата изборни циклуси би можеле да се одржат во ист ден, но тоа ќе зависи од назначувањето преодна влада.

Радев на 28 март рече дека ќе започне консултации со сите потенцијални привремени премиери на 30 март.

По уставните амандмани, претседателот може да избира помеѓу претседателот на Националното собрание, гувернерот или заменик-гувернерот на Бугарската народна банка, претседателот или заменик-претседателот на Комората за ревизија и народниот правобранител или неговиот заменик.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close