Вреди“: ДИК за ИЕ6 отвори седум гласачки кутии, во четири се констатирани неправилности, ДУИ нема капацитет за спроведување избори

Претставници на коалицијата „Вреди“ во Тетово на прес-конференција објавија примери за прекршување на Изборниот законик во шестата изборна единица. Портпаролот на Движење Беса, Фатмир Сабриу, во име на коалицијата образложи дека тоа го темели на прифаќањето на приговорите од страна на Државната изборна комисија.

– Вчера со одлука на Државната изборна комисија уште еднаш се докажа дека Европскиот фронт предводен од Демократската унија за интеграција нема капацитет и кредибилитет да спроведе слободни, фер и демократски избори. Државната изборна комисија постапувајќи врз основа на приговорите на Коалицијата „Вреди“ поднесени за некои избирачки места во 6-та изборна единица, како и постапувајќи според одредбите од Изборниот законик, одлучи да ги отвори гласачките кутии за 7 избирачки места, при што во 4 од нив се констатирани неправилност и тоа: во избирачко место 2101, село Ларце, општина Желино, констатирано е дека во гласачката кутија има 1 глас повеќе во корист на Европскиот фронт од гласачите кои го искористиле своето право на глас, во избирачко место 0387 Гостивар и избирачко место 1953 Тетово имаше корекција на изборниот резултат бидејќи во овие избирачки места се пребројувале неважечките гласови и се броеле како гласови на Европскиот фронт, истакна Фатмир Сабриу.

Според Сабриу, Европски фронт ја искривил волјата на граѓаните.

– Таканаречениот Европски фронт, злоупотребувајќи ги сите механизми на владеењето, незаконски ја нарушил и искривил волјата на граѓанинот, спроведувајќи го „бугарскиот воз“ како што се случаите веќе потврдени со одлука на ДИК во Липково и Ларце, како и броењето на неважечки гласови во корист на Фронтот и ДУИ. Замислете со 7 отворени гласачки кутии, во 4 биле откриени неправилности и кражба на гласови. Со ова јасно се докажува зошто ДУИ денес е во паника. Тие се во паника не само што ќе си заминат во опозиција, туку и ќе одговараат за злоупотребите и кршењето на законите, но и затоа што вчера, со отворање на кутиите, се докажа дека преку злоупотреба на механизмите на власт, закани, уцени, притисоци и бугарскиот воз, се обиделе да ја нарушат волјата на народот и изборниот резултат, истакна Сабриу.

Тој на крајот рече дека Албанците на 8 мај ја добиле слободата и денес дишат слободно.

– ДУИ оди во опозиција и со користење на државниот апарат повеќе нема да може директно да влијае на изборниот резултат. Време е за одговорност, за влада која ќе се бори против криминалот и корупцијата, ќе гарантира забрзан економски развој и европска интеграција. Нарушувачите на волјата на народот и изборниот резултат, ќе сносат одговорност и ќе одговараат пред органите на правдата, посочи Фатмир Сабриу.

Back to top button
Close