ВРЕДИ: ДУИ инструментализира уште едно прашање кое самата го остави како заложник

За овие речиси две години во опозиција, ДУИ не остави ништо без да злоупотреби, само за да ја спаси сопствената политичка кожа, дури и грижите на студентите. Денес, без никаков морален кредибилитет, се обидува да инструментализира прашање што самата го држеше како заложник, се наведува во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално.

 

Истата партија, со неколку министри за правда, денес пролева крокодилски солзи за проблем што не го реши кога ја имаше целата моќ во свои раце. Во исто време, изненадувачки е како во текот на 20-те години владеење на ДУИ, кога образованието беше згазено, а многу неправди останаа нерешени, не беше виден ниту еден протест. Сепак, драго ни е што денес, со ВЛЕН во владата, студентите и општеството воопшто зборуваат послободно и поотворено ги артикулираат своите барања. Ова е доказ за поинаква политичка клима.

 

Дипломираните правници кои имаат намера да полагаат правосуден испит одржаа состаноци, нивните коментари беа слушнати и сега се работи сериозно на системско решение.

 

Во оваа насока, како што веќе неколку пати рековме, формирана е работна група со експерти од областа, која ги испитува сите правни и институционални аспекти, со цел ова прашање да добие фер, изводливо и долгорочно решение.

 

Неправдите што се влечат со години не се решаваат со пролевање крокодилски солзи, туку со работа, одговорност и конкретни одлуки.

 

Ова е разликата меѓу нас и нив. ДУИ манипулира со проблемите што самата ги создал, додека ВЛЕН работи на нивно решавање. Исто како што ги решивме другите прашања што тие ги држеа како заложници, како што е проблемот на медресантите, ќе го решиме и ова прашање.

Back to top button
Close