ВРЕДИ: ДУИ, Левица и Арсовска инсценираат меѓуетничка дестабилизација за политички интереси

ВРЕДИ ја изразува својата длабока загриженост поради координираните обиди кои последниве денови се прават за создавање на вештачки меѓуетнички тензии, со цел да се пренасочи вниманието на јавноста од неуспесите и политичката корупција на партиите кои сега се во опозиција.

Вчерашниот случај со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, кој го осудивме веднаш, претставува чист пример на инсценирање на меѓуетнички тензии, со валкана реторика за создавање вештачки меѓу етнички конфликт.

Исто така, физичкиот инцидент меѓу неколку млади лица во Тетово, кој беше искористен од портали блиски до ДУИ и Левица,  со цел поттикнување поделби и страв.

Додека граѓаните бараат стабилност, на една фотографија што кружи во јавноста се гледа пратеникот на ДУИ, Муса Џафери, како седи на маса со пратеникот на Левица– претставник на најантиалбанската, проруска и дестабилизирачка партија во државата.

Кои планови биле дискутирани на таа средба? Кој ја наредил и со каква цел?

Сето ова се случува во контекст каде што еден функционер на ДУИ во општина Шуто Оризари е под истрага за намерно подметнување пожар, при што во неговиот дом биле пронајдени запаливи материи и сериозни докази што предизвикуваат сомнежи за саботажни дејствија со тешки последици за жителите.
Овие настани не се изолирани – тие се дел од опасна стратегија на ДУИ, во тивка соработка со Левица и Данела Арсовска, за провоцирање хаос, враќање на стравот и создавање политички алиби.

Ова се опасни игри со меѓуетничкиот оган кои ја загрозуваат соживотот и стабилноста на државата!
ВЛЕН упатува силен повик до меѓународниот фактор, амбасадите и меѓународните организации, внимателно да го следат ова намерна и штетна стратегија, да ги истражат сите случаи и да не дозволат криминалците и поттикнувачите на омраза да се кријат зад политички знамиња.

Ние нема да дозволиме криминалните интереси на ДУИ да ги користат Албанците како штит за да ги спасат своите кариери и нивната корупција.

ВЛЕН секогаш ќе стои на страната на граѓаните, правдата и стабилноста!

ВРЕДИ

Back to top button
Close