ВРЕДИ: Иницијативата на ДУИ за уставни измени е пародија

ВРЕДИ ја отфрли денешната иницијатива на ДУИ за собирање потписи за уставни измени, оценувајќи дека станува збор за „несериозна и самосаботирачка“ постапка која, според коалицијата, повеќе наликува на пародија отколку на сериозна политичка иницијатива.

Во реакцијата ВРЕДИ наведуваат дека ДУИ „ја навредува ЕУ и Албанците“ кога Блерим Беџети зборува за европски вредности, обвинувајќи го за политики спротивни на европските принципи во периодот кога извршувал јавни функции.

– Advertisements –

Од коалицијата посочуваат дека Беџети ќе остане запаметен по, како што наведуваат, политизација на судството, спорни изјави и скандали од неговото политичко делување.

„ВРЕДИ нема намера да стане дел од оваа пародија. Европската интеграција бара сериозен и искрен пристап“, соопштија од коалицијата.

Оттаму додаваат дека Владата е фокусирана на спроведување на реформската агенда, за која тврдат дека се реализира успешно и добива признание од Брисел.

Back to top button
Close