Вреди: Коцкарската мапа на државата се црташе кај Артан Груби

ДУИ, хранета и одржувана со години од игрите на среќа и казината, денес се обидува да манипулира со теми што самата ги произведувала со години. Иронијата е брутална. Тие што со години ја претворија индустријата на игрите на среќа во политичка каса, денес глумат лудило. Апсурд кој не држи вода, се вели во соопштението на владејачката ВРЕДИ.

Вистината е едноставна. Кога ДУИ зборува за казина, од позадина зборува црната кутија на Артан Груби. Таа кутија со години го држеше овој сектор под контрола преку неговата десна рака, бегалецот Прпарим Бајрами, го лиценцираше, го управуваше и го претвори во механизам за политичко влијание, уцени и тесни интереси. Денес ДУИ не открива проблем, туку се сопнува од сопствените траги. Ако ДУИ сака да зборува за лиценци, адресата им е добро позната. Нека ја побараат кај Артан Груби и кај сопствената политичка архива, таму каде што со години се цртала коцкарската мапа на државата. Црната кутија на Артан Груби не е затворена. Таа допрва ќе зборува. А кога ќе прозбори, ќе стане јасно кој, меѓу другото, ја изгради и коцкарската империја, истакнуваат од ВРЕДИ.

Извор: press24.mk

Back to top button
Close