„Вреди“: Можно е пролонгирање на уставните измени до формирање политичка влада во Бугарија
Коалицијата „Вреди“ смета дека немање на политичка Влада во Бугарија со која може да се разговара може да ги пролонгира уставните измени, за кои на ВМРО-ДПМНЕ во предизборниот период и даваа рок од шест месеци.
Оттаму сметаат дека рокот од шест месеци што дадоа за отварање на Уставот и внесување на Бугарите во него може да се пролонгира.
На денешната прес-конференција портпаролот на „Вреди“, Фари Хисени посочи дека политичката нестабилност во Бугарија е причина поради која не бараат во рок од шест месеци Бугарите да бидат внесени во Уставот, одговарајќи на прашањето какви ќе бидат нивните следни чекори за уставните измени, со оглед дека изминуваат шесте месеци рок, а премиерот Христијна Мицкоски се уште чека политичка влада во Бугарија за да разговара за одложено дејство на уставните измени.
„Ние сме во постојана комуникација и координација со меѓународниот фактор. Ова се теми од пошироки линии, што значи дека може да се даде можност бидејќи имаме ад хок ситуација со соседна Бугарија. Да имаше актуелна Влада функционална во Бугарија, сметам дека веќе ќе имаше и отпочнати преговори за да се постигне договор меѓу Северна Македонија и Бугарија“,вели Хисени.
Според него, имајќи в предвид состојбата во Република Бугарија има простор во координација со меѓунардониот фактор да се пролонгира и рокот за уставните измени.
„Моментално имаме состојба во друга земја, што не е стабилна од аспект на владење на извршната власт. Така што, не може да обвинуваме за нешто кога втората странка во целиот процес нема стабилна влада или нема човек што може да прегобвара на конкретната тема. Значи не зависи од Северна Македонија, туку зависи од околни политики во соседна Бугарија“,рече тој.
Од „Вреди“ не прецизираа и дали се согласуваат со идејата на коалициониот партнер ВМРО-ДПМНЕ за уставни исмени со одложено дејство.
Опозициската СДСМ бара од „Вреди“ да ги исполни даденитее ветувања околу отворање на Уставот и внесување на Бугарите во него.
Премиерот Христијан Мицкоски досега повеќе пати нагласи дека засега нема услови за отворање на разговори со актуелната бугарска влада за откочување на евроинтегративниот процес бидејќи таа само технички ја извршува функцијата.
„Јас сум подотвен да дебатирам, да разговарам, моите аргументи да ги презентирам, да ги слушнам нивните, но со актуелната влада не верувам, бидејќи сепак ова е техничка влада“,вели тој.