ВРЕДИ: На Али Ахмети му беа потребни пет дена за да го разбере одговорот на „референдумот”

После пет дена, на Али Ахмети конечно му беа покажани резултатите од „референдумот“. И ете, тој излезе и рече дека победиле на локалните избори. Ова е апсурдно, се посочува во реакцијата на ВРЕДИ на прес-конференцијата на лидерот на ДУИ Али Ахмети, што МИА ја пренесува интегрално.
Победите на Вреди во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино, Теарце и убедливото водство во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени се далеку поголеми од „победата“ во Пласница и Липково.
Мислевме дека Али Ахмети и ДУИ конечно станале свесни за резултатите од „референдумот“, но тие продолжуваат да ги доживуваат локалните избори како парламентарни, бидејќи за нив министерските позиции се единствената алатка за опстанок во политиката.
Дваесет години политиката на Али Ахмети се градеше на два столба: власт и само власт.
А што се однесува до „ветингот“ што тој денес го бара, тоа одамна му го направи неговата сенка Артан нон грата Груби, за кого и понатаму тврди дека е „чист како солза“.
Затоа, пред да побара предвремени избори, Али Ахмети треба да се запраша:
Дали ќе може да се соочи со слободниот глас на Албанците кои повеќе не се плашат од него?
Затоа што времето на Газиместан заврши. ВЛЕН е сегашноста. ДУИ е минатото.
ВРЕДИ






