ВРЕДИ: Тетово не е пазар за Левица и НАИ
„Јавноста е шокирана, но само Бајрам Реџепи не се засрами, ниту се покае.
Откако беше фатен на дело на состаноци со претставници на Левица, партија позната по своите анти-НАТО, антизападни и антиалбански ставови, кандидатот на ДУИ/НАИ се обиде да го негира скандалот со смешни изговори.

Но, фотографиите зборуваат сами за себе, Бајрам Реџепи седеше со оние кои навредуваат сè што е албанско, само за да обезбеди неколку гласови за политички спас“ соопштија денеска од Коалицијата ВРЕДИ.
Велат „Наместо да се извини за овој јавен срам, Бајрам Реџепи дури и ги навреди жителите на Тетово, обвинувајќи ги дека ги „продале“ своите гласови. Во меѓувреме, портпаролот на ДУИ, Арбер Адеми, се појавува на телевизија и ги нарекува Тетово, Чаир и Дебар „маала“.
„Ова е вистинското лице на „патриотот“ на ДУИ, кој посегнува по Левица за парче власт. Ова е највалканата зделка што Тетово ја видело досега. „Патриот“ кој бара помош од Левица за да собори Албанец“ велат од ВРЕДИ.
Од ВРЕДИ јавно прашуваат:
„Дали ова е „националната стратегија“ на ДУИ/НАИ да бараат спас од партијата што ги навредува Албанците и Косово?Со каков морал се појавува Бајрам Реџепи пред тетовчани, откако се ракува со анти-Албанците на Апасиев?
Каква зделка направи во замена за гласовите на Левица во Тетово?“.






