ВРЕДИ: Уживаме целосна поддршка од меѓународната заедница, црни листи за нашите противници
„Политичкиот субјект ВРЕДИ продолжува да ја зајакнува својата позиција како сериозен, кредибилен и доверлив партнер во очите на меѓународниот фактор. Нашите транспарентни политики, евроатлантска ориентација и посветеност кон вистински реформи наидоа на разбирање и целосна поддршка од претставници на пријателски и сојузнички земји“ соопштија од владејачката партија.
Велат дека „претставниците на ВРЕДИ секојдневно се пречекани од нашите меѓународни партнери, вклучувајќи ги и претставниците на Европската Унија и Соединетите Американски Држави, од каде што добиваат јасна поддршка за нивната визија и платформа. Ова покажува дека ВРЕДИ е фактор на стабилност и гаранција за интеграција и развој“.
„Од друга страна, ДУИ е сè повеќе изолирана. Меѓународните партнери ја изгубија довербата во еден субјект кој две децении ја злоупотребуваше моќта за лични и клански интереси. Клучните фигури на ДУИ веќе се на меѓународни црни листи и се прогласени за персона нон грата, што е јасен сигнал дека повеќе нема толеранција за криминал и корупција. ВРЕДИ е единствената алтернатива што гарантира искрена соработка со нашите стратешки партнери и одржлив развој за Албанците во Северна Македонија. Со ВРЕДИ, постои бела иднина, изградена врз правда, работа и чесност, додека со ДУИ е црното минато, проткаено со криминал, корупција и изолација“ се вели во партиското соопштение.