Вреди“ за застарувањето на казната на Груевски во „Тенк“: Ова е уште една шајка на Ахмети во ковчегот на неправдата

За партиите на Албанците обединети во коалицијата „Вреди“, која е дел од владејачкото мнозинство, главен виновник што Никола Груевски нема да ја одлежи двегодишната затворска казна во предметот „Тенк“ е Демократската унија за интеграција (ДУИ).

Логото на коалицијата „Вреди“
Според коалицијата, ДУИ со директна интервенција во измените на Кривичниот законик (КЗ) во септември лани овозможила на поранешниот премиер и, како што велат, омилен политичар на Али Ахмети, да му застари уште една затворска казна.

„Ова е уште една шајка на Ахмети во ковчегот на неправдата која неговиот режим ја инсталираше 22 години. После срамната спогодба на ‘абазиското обвинителство’ со Иџет Мемети, ова криминализирано раководство издејствува уште една амнестија. Ова фијаско на фаулираниот правен систем е уште една потврда за вирусот на Ахмети инсталиран во правосудството со години, каде што нивните моќници изградија заштитен ѕид околу себе, спасувајќи се меѓусебно од правосудна одговорност“,
се вели во реакцијата на „Вреди“.

Оттаму велат дека ова не е првпат ДУИ, предводена од Али Ахмети, да интервенира за да си спаси своите пријатели од затвор.

„Претходно, истата игра ја одиграа и за архитектот на маките на Албанците, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков. ДУИ, партија која две децении го манипулира народот со ветувања за реформи и европски интеграции, е убиецот на секоја надеж за правда и подобра иднина. Сите знаат за притисокот на Артан Груби врз претседателката на Врховниот суд за оживување на аболициите на Ѓорге Иванов, наводно за да изврши притисок врз ВМРО-ДПМНЕ за усвојување на уставните измени“,
се вели во соопштението.

Back to top button
Close