Вредноста на играчите на Манчестер Јунајтед паднала за 15 отсто под водство на Аморим

Вредноста на играчите на Манчестер Јунајтед паднала за 15 отсто по доаѓањето на новиот менаџер Рубен Аморим, покажува студијата на „Скај спортс“. Вкупната вредност на играчите на 20-кратниот шампион падна за неверојатни 106 милиони, што е двојно поголема „загуба“ од онаа на второпласираниот Њукасл за овој период.

Во ноември, играчите на Јунајтед беа проценети на 700 милиони фунти, а моментално нивната сума е 594 милиони фунти. Во оваа бројка не се вклучени Маркус Рашфорд (45,6 милиони), Ентони (16,6 милиони) и Тајрел Маласија (12,5 милиони). Во исто време, гигантот од Манчестер го ангажираше Патрик Доргу за 29,6 милиони фунти, па на крајот клубот загуби 45,1 милиони фунти од трансфер зделките и 107 милиони фунти од вредноста на своите играчи, пренесе „Скај спортс“.

Во својот последен натпревар Манчестер Јунајтед надмина негатива од два гола и ремизираше со Евертон 2-2. Тимот се наоѓа на 15. место во табелата во Премиер лигата со 30 бодови.

Тимот со најголем скок во вредноста на играчите според проценката на „Скај спортс“ е новајлијата во елитното друштво Ипсвич, кои забележаа пораст од 40% од 160 милиони фунти на 225 милиони фунти

Back to top button
Close