Временска прогноза: Променливо облачно со сончеви периоди
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за магла. Кон крајот на денот ќе има локална појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Максималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12 степени.Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб северен ветер. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
Според пргнозата на УХМР, утре (понеделник) времето ќе биде облачно со повремени врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а во пониските од дожд и услови врнежите повремено да преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
-Од вторник ќе има постепено разведрување, а од среда времето ќе биде претежно сончево со ниски утрински температури, информира Управата за хидрометеоролошки .