Временска рамка на клучни моменти од руската инвазија врз Украина

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу денеска им нареди на московските трупи да се повлечат од градот Херсон во јужна Украина, кон кој украинските сили напредуваат со недели.

Официјален Киев потоа соопшти дека во оваа фаза не гледа „никаков знак” за повлекување на руските сили од Херсон, најголемиот град окупиран од Русите од почетокот на инвазијата.

Временска рамка на клучни моменти од руската инвазија врз Украина:

Рускиот претседател Владимир Путин најави „специјална воена операција” во Украина на 24 февруари. Тој вели дека ова е за заштита на рускојазичните, самопрогласени сепаратистички републики Луганск и Доњецк на истокот на Украина, чија независност штотуку ја призна. Тој вели дека сака да ја „денацифицира” Украина, поранешна советска република, и бара гаранција дека никогаш нема да се приклучи на воената алијанса на НАТО.

Започнува целосна инвазија, со ракетни напади врз неколку украински градови.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски останува во главниот град Киев да го води отпорот.

Западот воведува санкции без преседан на Русија. Европската унија и САД испраќаат оружје во Украина. Помошта што ја вети Вашингтон се зголемува во милијарди како што минуваат месеците.

Руските трупи го нападнаа јужниот брег на Украина, заземајќи го градот Херсон, блиску до полуостровот Крим, кој Москва го анектираше во 2014 година.

Руските сили, исто така, се обидуваат да го опкружат Киев и да го заземат вториот украински град Харков на североисток, но наидуваат на жесток отпор и големи логистички тешкотии.

Еден месец по борбите, Русија се повлекува од областа Киев и од северот за да се фокусира на источниот индустриски регион Донбас (Луганск и Доњецк), делумно под контрола на сепаратистите, заедно со југот.

На почетокот на април, голем број тела на убиени цивили се откриени во предградијата на Киев и северните градови кои руските сили ги окупираа. Тоа предизвикаа меѓународна револт.

На 21 мај, Русија го објавува падот на стратешкиот југоисточен пристанишен град Мариупол, кој беше немилосрдно бомбардиран од почетокот на војната. Украинските војници, кои се држеле со недели во челичарницата во градот, се предале.

Шведска и Финска бараат членство во НАТО, стравувајќи дека би можеле да бидат идни цели на руска агресија.

Во јуни, Русија го зазема Северодоњецк по една од најкрвавите битки во војната, а веднаш потоа и соседниот град Лисичанск. Украина бара повеќе тешко оружје од Западот.

На 22 јули, Киев и Москва потпишаа договор за обновување на извозот на жито од Украина, во обид да се олесни глобалната криза со храна предизвикана од руската блокада на пристаништата во земјата.

Рускиот гасен гигант Газпром го намалува снабдувањето со Европа преку гасоводот „Северен поток” поттикнувајќи ги стравувањата од недостиг на гас во Европа оваа зима.

Украина и Русија меѓусебно се обвинуваат за гранатирање околу нуклеарната централа Запорожје, окупирана од Русија, поради стравувањата од можна нуклеарна катастрофа.

Киев започнува голема офанзива за повторно заземање на Херсон.

Украина повторно зазема стотици градови и села во молскавична контраофанзива околу Харков.

На 21 септември, Путин повика 300.000 резервисти.

Помеѓу 23 и 27 септември, властите поддржани од Кремљ одржуваат набрзина референдуми во украинските региони Луганск, Доњецк, Херсон и Запорожје, кои се контролираат од Москва, за приклучување кон Русија.

Киев и Западот ги отфрлаат референдумите.

На 30 септември, Путин формално ги анектира на голема церемонија во Кремљ.

На 8 октомври, Украинците слават откако експлозија предизвика голема штета на мостот што го поврзува Крим со руското копно – симбол на анексијата на полуостровот од Москва.

Путин ги обвини украинските тајни служби за експлозијата.

На 10 октомври, како очигледна одмазда, руските сили започнаа низа ракетни и беспилотни напади врз градовите низ Украина, вклучувајќи го и Киев. Нападите, насочени главно кон енергетската инфраструктура, оставаат милиони луѓе без струја.

На 19 октомври Путин прогласува воена состојба во четирите анектирани региони.

На 9 ноември, Москва им наредува на своите трупи да се повлечат од градот Херсон соочени со унапредување на украинските сили. Потегот доаѓа неколку дена откако Русија тврдеше дека завршила со евакуацијата на цивилите од Херсон на нејзина територија

Back to top button
Close