Времето денеска: Сончево и топло, попладне на некои места ќе врне дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми и наместа ќе има услови за појава на слаб локален дожд, информираат од УХМР.

Минмалните температури ќе се движат во интервал од 0 до 7 Целзиусови степени, а максималните од 11 до 21 Целзиусов степен.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми. Температурата ќе се движи од 4 до 19 Целзиусови степени.

Утре не очекува променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен северен ветер. Кон крајот на денот облачноста ќе се намали и врнежите ќе престанат насекаде

Back to top button
Close