Времето денеска: Сончево и топло, со температури до 33 степени
Времето денеска ќе биде претежно сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени.
Во Скопје, истотака, сончево и топло. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец.
УХМР најавува дека и во следните денови времето ќе биде стабилно, претежно сончево и топло. Утре долж Повардарието ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.