Времето денеска: Сончево и топло, температури до 34 степени

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи.

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Попладне во планинските региони ќе има услови за краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Максималната температура во главниот град ќе сее движи до 34 степени Целзиусови.

Back to top button
Close