Времето сончево и тивко, од среда врнежи и пад на температурите

Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се движи од 1 до 9, а максималната од 21 до 27 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и тивко, со минималната температура до 6 и максимална до 24 степени.

Следните два дена ќе се задржи претежно сончево време со студени утра. Од среда следува период на претежно облачно и значително посвежо време со локални врнежи од дожд и со дневни температури кои ќе бидат под просекот за овој период од годината. Пообили врнежи се очекуваат во четврток, особено во западните и југозападните делови. Во среда и четврток ќе дува повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Back to top button
Close