Врховен дури попладнево го доби предметот за екстрадиција на Блерим Рамадани, дури сега ќе се одлучува

Врховен дури попладнево го доби предметот за екстрадицијата на Блерим Рамадани.

„Врховниот суд на Република Северна Македонија ја информира јавноста дека денеска, 16.08.2024 година Основен кривичен суд Скопје, Кривичен совет на Одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по службена должност до Врховниот суд на Република Северна Македонија, согласно член 68 став 2 од Законот за меѓународна соработка во кривичната материја, достави правосилно решение КИОК-КС бр.180/24 од 08.08.2024 година, во врска со екстрадицијата на лицето Блерим Рамадани од Урошевац, Република Косово, по кое е оформен предметот на овој суд КР-32/24, кој преку АКМИС системот распореден е кај судија-известител за понатамошно постапување согласно законските надлежности“, вели Врховен суд.

Според Законот за меѓународна соработка во правната материја, кога советот на Кривичен суд ќе пресече дека не се исполнети законските претпоставки за екстраиција, носи решение со кое тоа го утврдува. Но, решението по службена должност се доставува до Врхвеон суд, кој по добиено мислење од јавен обвинител може да го потврди, укине или преиначи. Ова значи дека последната одлука ја носи Врховниот суд. Дотолку повеќе, што информациите на „Скопје1“ се дека советот на Кривичен и обвинителот од кој се барало мислењето имале спротиставени ставови. Обвинителот сметал дека се исполнети законските услови за екстрадиција на Рамадани во Србија.

„Предметот не е дојден до нашиот суд“, велат кусо од Врховен суд за „Скопје1“.

Back to top button
Close