Врховен по коментарот од Стејт департментот: Да се објавуваат и неправосилните судски одлуки

Врховниот суд на Република Северна Македонија соопшти дека нивниот начелен став за објавувањето на неправосилни судски одлуки е нотиран во Извештајот на Стејт департментот за човековите права за 2022 година, во кој се советуваат пониските судови да ги објавуваат не само правосилните, туку и неправилните судски одлуки, особено во случаите кога се работи за предмети од јавен интерес.

-Во Извештајот се истакнува дека со Начелниот став на Врховниот суд како реакција за унапредена транспарентност на судството, се советуваат пониските судови да ги објавуваат не само правосилните, туку и неправилните судски одлуки, особено во случаите кога се работи за предмети од јавен интерес. Врховниот суд, Начелниот став за објавувањето на донесени одлуки на веб страниците на судовите го утврди на 21.12.2022 година, потенцираат од судот во соопштение.

 

Како што потенцираат, начелниот став на Општата седница беше предложен од претседателот на Врховниот суд на Република Северна Македонија, Беса Адеми, која образложи дека достапноста до судските одлуки е особено значајно за општата и стручната јавност и за исполнувањето на целите на транспарентноста.

Во Начелниот став се утврдува „Судовите, донесените одлуки (пресуди и решенија) кои не се правосилни и кои се однесуваат на предмети од јавен интерес да ги објавуваат на веб страницата на судот“.

Back to top button
Close