Врховниот суд ја потврди затворската казна на Груевски за „Насилство во Центар“

Врховниот суд му ја потврди затворската казна од 1 година и шест месеци на екс премиерот Никола Груевски за случајот „Насилство во Центар“, поточно го отфрли неговото Барање за вонредно преиспитување на пресудата. Одлуката ја донеле Врховните судии Цветанка Периќ, Џемали Саити, Африм Фидани, Мирјана Лазарова Трајковска и Сафет Кадрии.

-Врховниот суд на РСМ до Основниот кривичен суд Скопје достави решение со Квп2 48/2022 со кое советот на Врховниот суд постапувајќи по барање на осудениот Никола Груевски, поднесенo преку неговиот адвокат, за вонредно преиспитување на правосилна пресуда на Основниот кривичен суд Скопје и пресуда на Апелациониот суд Скопје, а во јавноста позната како „Насилство во Општина Центар“, донел решение со кое барањето се отфрла како недозволено, информираат од судот.

Оттаму додаваат дека на сила останува казната одредена со правосилната пресуда.

-Согласно провостепената пресуда од 29.09.2020 година, барателот за вонредно преиспитување на правосилната пресуда е огласен за виновен и осуден на казна затвор во трење од 1 година и 6 месеци за кривично дело – Насилство од член 386 став 2 в.в. со став 1 в.в. со член 23 од К.З, која пресуда беше потврдена со пресуда на Второстепениот суд од 10.09.2021, велат од судот.

Back to top button
Close