Врховниот суд на Косово ја потврди забраната за носење шамии во училиштата

Врховниот суд на Косово ја потврди одлуката со која се забранува носењето шамии во јавните училишта, утврдувајќи дека тие се во согласност со кодексот за облекување утврден од Министерството за образование, наука, технологија и иновации, објави 4NEWS.mk

Судот ја отфрли тужбата на организацијата Арита – Мрежа за професионален развој на жени, која тврдеше дека забраната претставува форма на дискриминација и ги крши основните права на ученичките. Според организацијата, бројни девојки биле исклучени од настава во текот на изминатите четири години поради носење шамии.

Врховниот суд, сепак, заклучи дека Министерството има законско право да пропише кодексот за облекување во училиштата во согласност со законите за предуниверзитетско и стручно образование.

Забраната за шамии е контроверзна во Косово со години, иако муслиманите сочинуваат повеќе од 90 проценти од населението. Темата првпат стана предмет на поширока јавна дебата во 2010 година, кога беа воведени упатства со кои се забрануваат таканаречените „религиозни униформи“.Исламската заедница на Косово во тоа време изјави дека шамијата не е униформа, туку дел од религиозната обврска на муслиманките

Back to top button
Close