Врховниот суд на САД го отфрли обидот на Трамп да го ограничи правото на државјанство по раѓање

Американскиот претседател Доналд Трамп претрпе пораз во Врховниот суд на САД во врска со спорот околу правото на државјанство по раѓање, откако судот пресуди дека децата родени во земјата ќе продолжат автоматски да добиваат државјанство, објави ДПА.

Трамп направи обид да го укине правото на државјанство по раѓање на децата на луѓе кои се во САД само привремено или без потребната дозвола.

Критичарите тврдат дека 14-тиот амандман на Уставот на САД не го дозволува ова. Во него се наведува дека бебињата родени на американска почва се американски државјани.

„Сите лица родени или натурализирани во Соединетите Американски Држави и подлежат на нивна јурисдикција се државјани на Соединетите Американски Држави и на државата во која живеат“, се наведува во судската одлука.

Back to top button
Close