Врховниот суд на САД му дозволи на Трамп да го поништи легалниот статус за 500.000 мигранти
Врховниот суд на САД во петокот ѝ даде зелено светло на администрацијата на Трамп да го поништи – засега – легалниот статус на стотици илјади мигранти од Куба, Хаити, Никарагва и Венецуела, покажаа судските документи во кои имаа увид американски медиуми.
Наредбата на судот е непотпишана и не се дадени никакви образложенија.
Судиите Кетањи Браун Џекон и Соња Сотомајор не се согласија, предупредувајќи на „разорните последици“ од нарушувањето на „животот и егзистенцијата на речиси половина милион недржавјани додека нивните законски барања се во тек“, според документот.