Врховниот суд на САД забрани дискриминација на вработени врз основа на сексуална ориентација

Врховниот суд на САД синоќа пресуди дека луѓето кои се во работен однос не смеат да бидат отпуштени од работа врз основа на нивната нетрадиционална сексуална ориентација, јави дописникот на МИА од Вашингтон.  

Случајот бепе отворен по тужби за нарушени човекови права на хомосексуалци од Њујорк и Џорџија, и во случај на нарушени права на транссексуално лице од Мичиген.

Врховните судии гласаа со шест гласа „за“ и три „против“. Луѓето со нетрадиционална сексуална ориентација како лезбејки, хомосексуалци, бисексуалци или транссексуалци (ЛГБТ) во САД оваа пресуда ја прогласија за голема победа во заштита на нивните човекови права, по судската одлука во 2015 година кога во земјата се легализираа истополови бракови.

Според судиите, ЛГБТ луѓето сега се заштитени со федерален Закон, заснован на Поглавие 7 од Законот за човекови права од 1964 година со кој се забранува работодавачите да вршат дискриминација против вработени врз основа на пол, раса, боја на кожата, националност или вера.

Back to top button
Close