Вселенскиот патријарх прв пат во историјата божиќното послание го објави и на македонски јазик
Вселенскиот патријарх оваа година прв пат во историјата посланието го објави и на македонски јазик, со тоа што на православните христијани во Северна Македонија, Христовото раѓање им го честита на мајчиниот јазик.
Придонесот на религиите кон мирот и помирувањето претставува првенствен критериум за нивната доверливост. Несомнено, во религиозните преданија постои поттик не само за внатрешниот мир, туку и за унапредување и востановување на мирот на општеството, преку надминување на агресијата во врските помеѓу единките и народите, порачува меѓу другото Вартоломеј.
Тој нагласува дека овој факт е особено значаен во нашево време, во кое се промовира ставот дека мирот ќе произлезе како резултат на економскиот развој, издигнувањето на животниот стандард, напредокот на науката и технологијата, преку дигиталната комуникација и интернетот.
-Ја имаме увереноста дека не е можно да постои мир на народите и културите без мир на религиите, без нивни дијалог и соработка. Верата во Бога ја засилува борбата за еден свет на мирот и правдата, дури и кога овој обид се наоѓа пред ненадминливи, по човечки, пречки. Во секој случај е неприфатливо претставници на религиите да проповедаат фанатизам и да го разгоруваат пламенот на омразата, нагласува Вартоломеј во посланието.
Во продолжение следува интегрално божиќното послание на Вартоломеј на македонски јазик: