Вселенскиот патријарх Вартоломеј испишан од болница во САД

Вселенскиот патријарх Вартоломеј, кој вчера беше хоспитализиран во главниот град на САД, денеска е испишан од болницата. 81-годишниот духовник е подготвен да ја продолжи посетата, соопшти прес-службата на Американската архиепископија на Вселенската патријаршија.

„Среќни сме да објавиме дека нашиот духовен отец, Неговата Светост, штотуку е отпуштен од болницата. Тој се чувствува добро и е подготвен да ја продолжи својата апостолска посета”, се наведува во соопштението, пренесува „Грик Сити Тајмс”.

Вчера, 81-годишниот свештеник бил однесен во Универзитетската болница Џорџ Вашингтон, каде му било советувано да се одмори и бил ставен под медицински надзор, откако во саботата пристигна во 12-дневна посета на САД. Требаше да присуствува на црковна служба во Вашингтон, но не се чувствувал добро по долгиот лет и напорниот распоред.

Посетата на патријархот Вартоломеј вклучува и средби со американскиот претседател Џо Бајден, државниот секретар Ентони Блинкен и претседателката на Претставничкиот дом, Ненси Пелоси

Back to top button
Close