Можеби ќе ве интересира
Close
Раскошен комплет од архиепископски панагии за време на официјалниот прием на целата црковна и државна делегација од Република Северна Македонија, му подари вселенскиот патријарх г. г. Вартоломеј на охридскиот архиепископ г. г. Стефан.
По завршувањето на неделната богослужба во соборниот храм на Вселенската патријаршија, на која за првпат по повеќе од два века вселенски патријарх сослужува со охридски архиепископ, патријархот Вартоломеј му го врачи подарокот на архиепископот Стефан, кој ја изрази верноста и надежта во застапништвото и просветлението на вселенскиот патријарх во врска со решавањето на конечниот статус на нашата црква.
Овој дар се смета за уште едно признание на големото архиепископско достоинство на архиепископот Стефан и огромната почит која патријархот Вартоломеј ја негува кон нашата света Охридска архиепископија.