Вселенскиот патријарх Вартоломеј на премиерот Ковачевски му ја честита новата функција
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски доби честитка од Вселенскиот патријарх Вартоломеј за новата функција и му посака успех. Во соопштението се вели:
– Неговата Божествена Сесветост, Патријархот Вартоломеј испрати пораки со честитки од името на Вселенската Патријаршија до новоизбраниот македонски премиер Димитар Ковачевски. Неговата Сесветост на Ковачевски му посака плодотворна и успешна служба, стои во соопштението.
Ова е првпат вселенскиот патријарх да посака успешна работа на македонски премиер.