Втор дел од интервјуто со Ветон Сурои за ЦИВИЛ МЕДИА: Формирањето на „Ветевендосје“ во Албанија и Северна Македонија не е добар рецепт за добрососедство
Косовскиот публицист и писател Ветон Сурои, со своја анализа на сите овие теми разговараше за ЦИВИЛ МЕДИА, изразувајќи ги своите ставови за нацрт-статутот на Здружението, односите Косово-Албанија и отворањето на огранокот „Ветевендосје“ (Самоопределување) и во Северна Македонија.
Интервјуто е снимено на 15 ноември, во пресрет на Втората скопска дебата за Европа (17-19 ноември), каде што г. Сурои е говорник на дебатата „Косово помеѓу геополитичкиот знак и конфликтната реалност“ со која се отвора овој важен настан. Дебати за Европа и Контрапунктсе организатори на настанот, кој е поддржан од Федералното Министерство за надворешни работи на Германија.
ЦИВИЛ МЕДИА: Споменавте отворањето на огранокот на „Ветевендосје“ како политичка партија во Албанија. Неодамна се појавија шпекулации и обиди за отворање на огранок на „Ветевендосје“ во Северна Македонија. Како ги гледате овие движења на „Ветевендосје“ како владејачка политичка партија која има тенденција да се шири надвор од границите на Косово?
СУРОИ: Сега ќе ви кажам нешто, малку сум постар и имам малку повеќе искуство. Во 1990 и 1991 година во поранешна Југославија кога бев дел од консултативниот совет на политичките партии на Косово и консултативниот совет на политичките партии од поранешна Југославија. Тогаш донесовме одлука политичките партии на Косово да не отвораат ограноци и по под-ограноци во Македонија, во Јужна Србија во Црна Гора, значи надвор од Косово.
А овој модел се применуваше и на ниво на тогашна поранешна Југославија и на тој начин ја зачувавме кохезијата на албанските политички партии бидејќи немаше натпреварување, затоа што тогаш констатиравме дека нај лошото нешто што можеме да им направиме на политичките движења надвор од Косово е ако нашата конкуренција се реплицира во тие делови, ако се создаде ограноци и под-ограноци. Ова се сметаше за негативно во случајот на хрватските политички партии и нивните партиски дистрибутери во Босна и Херцеговина, српските политички партии и нивните дистрибутери во Босна и Херцеговина. Овој рецепт функционираше и мислам дека овој рецепт треба да продолжи да функционира, дека најздрав начин за одржување на односите меѓу Албанците во земјите каде што живеат е со почитување и не мешање во работите на Албанците во другите земји.
…