Втор ден целосен прекин во водоснабдувањето во Тетово поради дефект на една од главните водоводни цевки
Дефект на една од главните водоводни цевки со големина Ф400 е причина два дена по ред да има целосен прекин во водоснабдувањето во Тетово. Таква цевка пукнала на улицата „Александар Јовановски-Журчин“ во Горна Чаршија каде вчера се комуналните работници интервенираа од 8 часот утрината се до попладневните часови, а најавено дека ќе треба да се работи и денес од 9 до 12 часот