Втор концерт на „Tрадиција фолклор“ И глувите и наглуви знаат да играат сложени кореографии

Дали глувите лица знаат и умеат да изиграат сложени кореографии на традиционални ора? Дека можат не уверија во неодамна одржаниот концерт во Дом на АРМ. Фолклорното здружение „Традиција Фолклор“ е проект на Националниот Сојуз на глуви и наглуви, кој започна да се реализира од почетокот на 2019-та година.

Проектот е целосно финансиски подржан од Министерството за труд и социјална политика. Часовите ги водат двајца искусни кореографи и се одржуваат неколку пати во неделата во Скопје, а по потреба и по барање на членовите и во други градови. За неколку години глувите и наглуви членови на ова здружение  научија неколку кореографии на традиционални ора. На концертот настапија и  КУД „Гоце Марковски“ , ЗКУД „Владо Тасевски“ и  КУД  „Гардош“ од Земун. А наскоро и „Традиција Фолклор“ ќе настапат во странство.

Back to top button
Close