Втор пораз на македонските кошаркарски кадети на гостувањето во Хрватска

Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација со два порази го заврши пријателскиот двомеч против Хрватска, откако попладнево во неизвесен натпревар загуби на гостувањето во Дарувар со 85:91.

За разлика од вчерашниот катастрофален пораз од Хрватска (47:98), избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ попладнево одиграа многу поквалитетно и беа блиску до триумф над истиот противник.

Хрватите го добија првото полувреме со 40:36, но „црвено – жолтите“ го презедоа водството во третата четвртина, поведувајќи со 68:66.

Со серија од пет поени, Хрватска се одвои на 76:71, кога останаа да се доиграат 4:29 минути. Марко Лукановски ја прекина со тројка за 74:76, но со нова серија од 8:2 на две и пол минути пред крајот на натпреварот, домашната селекција се одвои на недостижни 84:76.

Најефикасен во македонската репрезентација со 24. поени беше Андреј Шошкиќ. 

Back to top button
Close