Втор пораз на македонските одбојкари на гостувањето во Србија

– Македонските одбојкари со два порази го завршија пријателскиот двомеч на гостински терен против Србија, откако вечерва загубија со идентични 3:1, како и на вчерашната прва пресметка против европскиот првак во Врњачка бања.

Србија, која вечерва настапи со Б-тимот, ги реши во своја корист воведните два сета (25:17, 28:26), по што избраниците на македонскиот селектор Никола Матијашевиќ внесоа резултатска неизвесност во мечот добивајќи го третиот сет 25:23. Сепак, српските одбојкари со идентичен резултат го освоија четвртиот сет за конечен триумф од 3:1.

Двата натпревари против Србија за македонските одбојкари беа завршни проверки пред настапот во групната фаза во Европската сребрена лига, од 21 до 23 мај во Струмица.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close