Втор протест за струјата во Тетово

– Со марш од три локации до градскиот плоштад во Тетово неколку илјади граѓани учествуваа во вториот по ред протест во знак на револт поради зголемување на цената на електричната енергија. Според најавите кои се правеа на социјалните мрежи маршот започна во 18:00 часот, од три точки на градот-Монопол, локација на улица Илинденска кружниот тек за Блок 82 како и Поток. Потоа сите се собраа на кружниот тек кај плоштадот.

Претставници на Организацискиот одбор пред граѓаните ги прочитаа повторно барањата.

– Барањата на организацискиот одбор се: Регулаторната комисија веднаш да ја став вон сила одлуката за зголемување на цената и да ја намали цената за 46 отсто. Второ, Владата да го укине монополот на услугите за ЕВН и да стави крај на нечовечкото однесување кон потрошувачите, како и да го намали данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто. Собранието да ја укине Регулаторна комисија бидејќи служи само за апетитите на бизнис групациите кои сериозно го оштетуваат семејниот буџет на сиромашните граѓани. Последно четврто барање е Собранието да формира независен арбитрарен орган кој ќе го верификува квалитетот на услуги и ќе адресира поплаките на граѓаните на ваквите корпоративни рекетарски компании, истакна претставниците на одборот.

По истакнатите барања групите се разотидоа мирно. Ноќеска две возила на ЕВН беа запалени и изгорени, за што полицијата приведе осомничен, К. О (43).

Back to top button
Close