Втор случај на Ковид-19 во Делчево

– Лице од Делчево кое живее и работи во Скопје е вториот случај на Ковид-19 во Делчево. Информацијата официјално беше потврдена од Министерството за здравство, во чија статистика денеска беше наведен и пациентот од Делчево. Од здравстевниот дом во Делчево велат дека нема место за паника, бидејки се работи за лице кое подолго време престојува во Скопје.

– Станува збор на лице кое поради работата живее во Скопје и таму е направен тестот, таму е објавена веста дека лицето е позитивно на коронавирус. Лицето според наши информации нема симптоми на болеста, во моментот се чувствува добро, но според предвиденото ќе ја помине неколку дневната изолација, велат од делечвскиот здравствен дом.

Ова е втор случај позитивен случај на Ковид-19, во Пијанечкиот регион. Во Делчево и Македонска Каменица кои потпаѓаат во овој регион досега двата случаи на Ковид-19 се регистрирани во Делчево. Првиот пациент кој на последните два тестови беше негативен на вирусот, но почина, заразата ја доби на Клиниката за онколошки заболувања во Скопје, додека вториот пациент кој денеска е регистриран и се води како втор позитивен случај во Делчево, најверојатно, како што додаваат надлежните, се заразил во Скопје.

Во останатите општини кои гравитираат околу општина Делчево, уште еден случај деновиве беше регистриран во Берово. Според информациите на тамошните лекари, пациентот се опоравува и се очекува негово оздравување.

Back to top button
Close