Втор студентски час: Студентите повторно се собраа во чест на жртвите од трагедијата во Кочани

Настанот привлече неколку стотини студенти од различни факултети, кои мирно се собраа заедно во знак на солидарност и сеќавање. Иако немаше присуство на полиција, обезбедувањето околу кампусот беше засилено со приватни служби.

На собирот беше присутен и претседателот на Универзитетското студентско собрание (УСС), Александар Николовски, но тој одби да даде изјава за медиумите.

Студентите со овој собир уште еднаш ја покажаа својата поддршка кон настраданите и нивните семејства, испраќајќи моќна порака на почит и заедништво (Трн).

Back to top button
Close