Вучевиќ: 14 повредени лица од Северна Македонија се згрижени во српски здравствени установи

Српскиот премиер во оставка Милош Вучевиќ денеска изјави дека 14 државјани на Северна Македонија повредени во вчерашната несреќа во Кочани се на лекување во Србија, јави МИА од Белград.

Вучевиќ додаде дека имал средба со вицепремиерот на Северна Македонија, Иван Стоиљковиќ кој му се заблагодарил на српскиот претседател Александар Вучиќ и на српскиот народ за помошта и грижата што Србија ја дели со Северна Македонија.

 

„Уште еднаш, во името на Владата на Србија, на сите граѓани на Република Србија, сакам да изразам најдлабоко сочувство до семејствата на младите кои загинаа во катастрофата во Северна Македонија, сочувство до сите граѓани на Македонија, македонскиот народ и владата на Македонија. Штотуку ја завршив средбата со вицепремиерот на Северна Македонија, Иван Столиковиќ, кој ме информираше за најновата ситуација, односно она што досега им е познато на македонските власти. Иван, во името на македонската влада, граѓаните на Македонија, му се заблагодари на претседателот на државата Србија, на нашиот народ, Владата на Србија, за помошта и грижата и сочувството што Србија искрено ги споделува со македонскиот народ“, рече Вучевиќ

Back to top button
Close