Вучевиќ за најавениот генерален штрајк во Србија: Утре ни треба мир, не ни треба ничија избрзана реакција

Српскиот премиер Милош Вучевиќ денеска ја повика „мнозинска Србија во однос на поддршката за некоја политика да биде можеби и потолерантна од вообичаено“ кон оние кои, според него, имаат различни ставови и кои сакаат утре со генерален штрајк да ја запрат земјата.

-Утре е потребен мир,рече Вучевиќ по посетата на градилиште на културен објект во поранешната зграда на „Ложилница“ на  укинатата Главната железничка станица во Белград.

„Мојата порака до граѓаните е да бидат мирни и трпеливи. Не ни треба избрзана или предизвикана реакција од никого. Не смееме да паѓаме на сценарио или да бидеме актери на сценарио напишано однадвор за да ја пролееме српската крв од српски раце. Дали некој ќе учествува на митингот или ќе протестира, тоа е негов избор, само барам да ги пуштат луѓето што сакаат да работат“, рече премиерот.

Тој додаде дека „никој не може да ја запре Србија“.

-Србија преживеала многу поголеми искушенија низ историјата, изјавил српскиот премиер

Back to top button
Close