Вучиќ, Брнабиќ и Вучевиќ соопштуваат важни одлуки
Српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот Милош Вучевиќ и претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ утре ќе и се обратат на јавноста, дознава Евроњуз Србија. Обраќањето на Вучиќ, Вучевиќ и Брнабиќ е закажано за попладне.
Брнабиќ за ТВ Пинк изјави дека ќе се осврнат на актуелната состојба во државата.
„Ќе бидат објавени некои важни одлуки“, изјави таа и додаде дека „тема на обраќањето ќе бидат актуелните состојби и случувања во државата“, но и дека не е сè договорено.
Брнабиќ оцени дека барањата на студентите се такви што можеби нема да можат да се исполнат. Таа истакна и дека Вучиќ вчера побарал да се исполнат сите четири барања на студентскиот пленум.