Вучиќ: Ќе ги повикам и власта и опозицијата на разговор

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека вчерашните настани во Собранието, каде дошло до физичка пресметка меѓу пратениците од опозицијата и власта, биле кулминација на сето она што се случувало на улиците во претходните денови, оценувајќи дека тоа е политички автогол на опозицијата.

Бидејќи знаат дека не можат да одлучуваат на избори, така одлучуваат, рече Вучиќ и најави дека ќе ги повика и власта и опозицијата на разговор.

Вучиќ синоќа гостуваше во тв Пинк, и рече дека Србија е многу посилна отколку што мислат оние што ќе и се закануваат.

Претседателот уште еднаш изрази сочувство до семејствата на 15-те жртви во несреќата во Нови Сад и посочи дека има луѓе кои се обидуваат да ја искористат трагедијата за свои цели.

 

Опозицијата го потценува народот на Србија, рече Вучиќ и додаде дека тие не разбираат што е народот на Србија, кои се неговите потреби и желби.

 

„Се обидоа да не спречат да завршиме до декември за да можат пензионерите да имаат 11 отсто покачување на пензијата. За среќа, не успеаја. Ќе го направевме тоа на друг начин. Тие сметаат дека техниката, прашањето за техниката е од клучно значење. Не е тоа прашање на политика“, рече Вучиќ.

 

Како што наведе, опозицијата најави дека ќе има опструкција на работата на парламентот, дека нема да дозволат седницата да се одржи.

 

„Сакаа да нема седница за буџетот, се спреми премиерот, се спреми министерот за финансии, планираа да поминат десет дена во Собрание, а тие (опозицијата) не сакаа ни секунда, цело време стоеја покрај Ана Брнабиќ, таа ги прашува дали некој сака да зборува и никој од нив не одговара, дуваат во тие вувузели, рикаат, викаат, свират, свират“, рече Вучиќ.

Претседателот на Србија оцени дека што се однесува до парламентаризмот не го убиле, туку политички се убиле.

„Како некој донекаде искусен во оваа работа, можам да ви кажам – си нанесоа многу, многу, многу сериозен удар. Тоа е вистински политички автогол и нема голема филозофија“, рече Вучиќ

Back to top button
Close