Вучиќ е загрижен либералните медиуми да не го нападнат Трамп

Српскиот претседател е загрижен за проблемите кои полека растат меѓу САД и Европа, велејќи дека европските лидери воопшто не почекале, туку веднаш го поддржале Зеленски по вчерашниот скандал во Белата куќа.

Според него, Европа игра на картата на спротивставување на новата американска администрација. Вучиќ смета дека претстојат големи глобални прегрупирања и дека Европа ќе се обиде да се прикаже како нов светилник на слободата.

„Како некој кој не може да го поднесе Трамп, не се работи за Америка и американскиот народ, туку за Трамп итн. Тие (н.з. Европа) ќе се обидат да организираат секаков вид на напад врз претседателот на Америка преку либералните медиуми во САД и Демократската партија, па затоа сум многу загрижен за него, бидејќи такви коинциденции не постојат, а нема толку лудаци на светот колку што некој би сакал да замисли дека има“, изјави Вучиќ.

Владејачката партија во Србија – СНС, а и самиот Вучиќ, има добри односи со луѓе блиски до Доналд Трамп. Еден од нив е Ричард Гренел, неговиот претставник за специјални мисии, кој веќе ја поддржа актуелната власт во Белград.

Back to top button
Close