Вучиќ: Експлозив со разорна моќ пронајден во близина на Кањижа, во близина на гасната инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека во близина на гасната инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија, српските бебзедносни единици пронашле експлозив со разорна моќ.

„Тукушто завршив телефонски разговор со унгарскиот премиер Виктор Орбан, во кој го информирав за првите резултати од истрагата на нашите воени и полициски власти, во врска со загрозувањето на критичната гасна инфраструктура што ги поврзува Србија и Унгарија“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

„Нашите единици пронашле експлозиви со разорна моќ и детонациски штапини потребни за активирање. Му кажав на премиерот Орбан дека ќе го информираме за понатамошниот тек на истрагата“.

Back to top button
Close