Вучиќ и Рама со заедничка колумна – бараат Албанија и Србија побргу да влезат во ЕУ, може и „колку-толку“

Претседателите Александар Вучиќ и Еди Рама ја опишаа својата идеја како функционална делумна интеграција која би послужила како меѓучекор за оживување на процесот на проширување на ЕУ и за зголемување на стабилноста во регионот. Нивниот предлог предвидува постепена интеграција во единствениот пазар и во Шенген-зоната, но без право на: еврокомесар во Европската комисија, пратеници во Европскиот парламент, право на вето – права кои ги уживаат полноправните членки.

Српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама повикаа на забрзан процес на интеграција на Србија и Албанија во Европската Унија, објави „Јуроњуз“.

 

Тие, во заеднички авторски текст, објавен во германскиот весник ФАЗ, ја опишаа својата идеја како „реалистичен пат кон ЕУ“, при што функционалната делумна интеграција би служела како меѓуфаза за оживување на процесот на проширување на ЕУ и за зголемување на стабилноста во регионот.

Нивниот заеднички предлог предвидува постепена интеграција во внатрешниот пазар на ЕУ и во Шенген-зоната, но без: еврокомесари од нивните земји, пратеници во Европскиот парламент, право на вето.

Полноправна членка на ЕУ ги има сите овие права.

Процесот на пристапување во ЕУ за Србија и другите земји од Западен Балкан со години стагнира, бидејќи кандидатските држави не постигнале доволен напредок во: владеење на правото, борба против корупцијата, слобода на медиумите, реформи во судството.

Тие предлагаат пат кон ЕУ кој би подразбирал постепена интеграција во единствениот пазар и во Шенген-зоната, но без право на вето за новите членки.

 

Постепена интеграција како меѓучекор

Вучиќ и Рама својата идеја ја опишаа како функционална делумна интеграција која би послужила како меѓучекор за оживување на процесот на проширување на ЕУ и за зголемување на стабилноста во регионот. Нивниот предлог предвидува постепена интеграција во единствениот пазар и во Шенген-зоната, но без право на: еврокомесар во Европската комисија, пратеници во Европскиот парламент, право на вето – права кои ги уживаат полноправните членки.

Процесот на пристапување кон Европската унија за Србија и другите земји од Западен Балкан со години стагнира бидејќи кандидатските држави не постигнале доволен напредок во клучни области како што се: владеење на правото, борба против корупцијата, слобода на медиумите, реформи во правосудството.

 

„Западниот Балкан е нов фронт за ЕУ“

„Во нашиот дел од Европа, на Западниот Балкан – регион кој е географски опкружен со ЕУ и историски поврзан со европската судбина – перспективата за членство останува најсилниот двигател на реформите, инвестициите и помирувањето“, напишаа лидерите на Србија и на Албанија.

Во обраќање до Европската унија тие порачаа:

„Крајно време е ЕУ да препознае дека Западниот Балкан претставува нов фронт за вложување во силата на Унијата“.

Тие наведоа дека кандидатските земји сега заеднички бараат „реален пат“ до полноправно членство.

Забрзаната интеграција на подготвените кандидати, тврдат тие, би можела да ја зајакне економската и политичката позиција на ЕУ, без да ја оптовари архитектурата на одлучување во Унијата.

 

Проблеми во преговорите

Србија поднесе барање за членство во ЕУ уште во 2009 година, но преговорите оттогаш се во застој. Освен надворешната политика на Белград, лидерите на ЕУ изразуваат загриженост и за: слободата на медиумите, реформата на изборниот закон, состојбата со граѓанското општество.

Албанија, заедно со Црна Гора, се смета за еден од најперспективните кандидати за пристапување кон ЕУ. Сепак, борбата против корупцијата останува еден од најголемите предизвици.

Back to top button
Close