Вучиќ: Избори или во мај или во декември следната година

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека избори ќе се одржат во мај или декември следната година, но дека е пореално тие да се одржат кон крајот на ноември или во декември.
На прашањето дали ќе има претседателски и парламентарни избори, Вучиќ за ТВ Пинк изјави дека надлежната институција ќе одлучи за тоа навреме.
Toj додаде дека Србија нема да има проблеми во снабдувањето со гас бидејќи очекува да се потпише краткорочен договор со Русија за снабдување со тој енергенс.
Вучиќ рече дека е добра вест што САД ја продолжија лиценцата на рускиот Лукоил до 26 април следната година.
„Лукоил во Србија има 112 пумпи и ќе може да функционира со увезени нафтени деривати“, рече Вучиќ.
Во врска со ситуацијата во НИС изјави дека е сигурен дека Русите, со своите партнери, ќе се договорат за пренос на сопственост во согласност со американските санкции.
На прашањето дали конечното решение е национализација на НИС, Вучиќ рече дека правно не знае што и како може да се спроведе и на кој начин бидејќи, како што рече, не сакал да се вмеша.
Александар Вучиќ изјави дека верува оти следната година може да биде најдобрата во однос на зголемувањето на животниот стандард, завршувањето на инфраструктурните објекти и промената на лицето на Србија.






